Општина Центар: Се расчистува просторот на поранешен „Технометал – Вардар“

Од:

Општина Центар известува дека се расчистува просторот на објектот на поранешен „Технометал – Вардар“ близу улица Македонија.

Сопственикот на „Буши Фашион“ и сопственик на објектот на поранешен „Технометал – Вардар“ започна со постапување по решението од Општина Центар и го расчистува просторот од некогашната компанија за трговија со мермер, челик, обоени метали и неметали, опрема, машини и друго. Општина Центар неколкупати досега го казни сопственикот по што му наложи самостојно да ја расчисти депонијата и секојдневно да ја одржува хигиената.

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во февруари преку Решение го задолжи сопственикот да исчисти и постапи во законски предвиден рок. Решението за расчистување секторот го издаде поради спречување на создавање на еколошка катастрофа предизвикана од секојдневно собирање купишта отпад создаден од кршење на инвентарот и екстериерот на огромната бетонска зграда. Минатата година во овој објект избувна пожар, а неколкупати досега жителите од околните згради пријавуваат и кражби, велат од Општината.

Општина Центар најавува дека Секторот за инспекциски работи и во наредниот период ќе продолжи со инспекциски контроли преку инспекцијата за животна средина за да не се повтори грдата слика и нарушувањето на мирот на станарите.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар