Место приватна шесткатница кај „Тифани“ се предвидуваат државни институции, Центар поднесе жалба за одземеното земјиште

Од:

Општина Центар утрово ја поднела жалбата за одземеното корисничко право на државното земјиште до зградата „Тифани“ поради дооформување на соседната парцела на која е превидена изградба на нова шесткатница. Општината се жали оти Управата за имотно – правни работи без да побара согласност од нив им го одзела корисничкото право на државното земјиште.

„Во насока на заштита на јавниот простор и државното неизградено земјиште, а по Решението за одземање на правото на користење на државното земјиште на катастарската парцела КП 11843/2, близу зградата ‘Тифани’, во надлежност на Општина Центар, од страна на Управата за имотно-правни работи, известуваме дека градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја поднесе жалбата со која се оспорува правото на користење на државното земјиште. Жалбата е изготвена поради воочени нерегуларности во постапката на одземањето на правото на користење на Општина Центар врз парцелата 11843/2. ). Општина Центар како траен корисник на дел од државното земјиште морала да биде прашана за согласност пред било каква одлука или постапка од страна на институциите. Во овој случај постапката за одобрението на Општина Центар е заобиколена, поради што и градоначалникот Герасимовски поднесува жалба“, велат од Општина Центар.

Од Општината нагласуваат дека се менува и планот за овој дел од Центар и на местото на шесткатницата која сега има намена домување, најавуваат дека е предвидена изградба на државни институции имајќи предвид дека се работи за државно земјиште.

„ДУП-от Централно градско подрачје на Град Скопје – Мал Ринг, односно планот кој ја регулира локацијата, со измените и дополнувањата од 21.12.2012, на градежната парцела бр. 5.9.1. во чии рамки се наоѓа катастарската парцела 11843/2, од која дел е во државна сопственост, предвидува градби од категорија А2, односно Домување во станбени згради. Во тек е постапка за донесување на нов предлог ДУП Централно градско подрачје на Град Скопје – Мал Ринг, каде што за посочената катастарска парцела предвидена е намена В4, односно државни институции“, соопштија од Центар.

Парцелата за која Управата за имотно правни работи го одзела корисничкото право на Општина Центар е една од вкупно три парцели во државна сопственост кои стануваат приватни за да се дооформи парцелата за новата шесткатница. Одземени од Центар се 185 квадратни метри, а останатите две парцели државно земјиште имаат 22 и 90 метри квадратни.

Министерството за финансии во чии рамки како самостоен орган функционира Управата за имотно правни работи не даде објаснување за отуѓувањето на државното земјиште.

Градоначалникот Герасимовски, пак, по одземањето на корисничкото право на државното земјиште рече дека нема да дозволи злоупотреба на ниту педа од државното земјиште и најави дека ќе ги користи сите правни можности за да го заштити општинскиот имот.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата