Општина Центар: Поделени 150 пакети за семејствата со социјален ризик, отсега ќе добиваат помош секој месец

Од:

Општина Центар, во соработка со здружението Банка за Храна Македонија – БХМ и овој месец продолжува со спроведување на проектот „Нула Глад“.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со претставникот на Банката за Храна, Душко Христов, денеска пред просториите на Јавното претпријатие „ПОЦ“, поделија 150 пакети со прехранбени производи на жители на општината од семејства со висок социјален ризик.

„Проектот ‘Нула Глад’ го започнавме за да им помогнеме на оние на коишто сме им најмногу потребни. Наместо еднократно, отсега овие граѓани секој месец ќе добиваат социјални пакети со масло за јадење, брашно, супи, јајца и останати прехранбени производи кои ќе им овозможат полесно да го поминат месецот“ , изјави Богдановиќ.

Проектот „Нула Глад“ на глобално ниво има за цел да го искорени гладот, да го реши проблемот со неухранетоста и да воспостави одржлив и инклузивен прехранбен систем. Општина Центар е првата општина во Македонија која го спроведува овој проект. Проектот „Нула Глад“, Општина Центар го спроведува во соработка со здружението Банка за Храна Македонија, а во соработка со маркетите: Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит-Го.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски