Општина Центар по 12-ти пат домаќин на „Деновите на македонскиот мед“

Од:

Денеска, на улица „Македонија“ започна традиционалната четиридневна манифестација, „Денови на македонскиот мед“. Домаќин на манифестацијата и оваа година е општина Центар.

„Посебно ми е драго што општина Центар е домаќин на „Деновите на македонскиот мед“. Но, вистински домаќини се децата од трите центарски градинки. Вистински домаќини се овие пчелички, цветови, буба мари. Ова е веќе традиционална манифестација, 12-та по ред и општина Центар и јас како градоначалник, секогаш ќе бидеме тука за да поддржиме вакви манифестации”, порача градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, отворајќи ги „Деновите на македонскиот мед 2016“.

Присутните на улица Македонија уживаа во играта и песната на сите деца од трите градинки од општина Центар, кои претходно, преку едукативни предавања, се запознаа со корисните својства на медот начинот на негово настанување и благодетите од медот, матичниот млеч и прополисот.

Оваа година, на манифестацијата учествуваат 32 најдобри производители на мед во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар