Општина Центар: Пензионерскиот клуб „Невена Георгиева Дуња“ во нови, подобри простории на барање на пензионерите

Од:

Општина Центар по барање на Здружението на пензионери го премести пензионерскиот клуб „Невена Георгиева Дуња“ од Трговскиот центар Беверли Хилс поради зголемен интерес за дружба и секојдневни средби на пензионерите. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги посети новите простории кои се наоѓаат веднаш до Заводот за рехабилитација и ги запозна присутните со проектите за пензионери кои ги спроведува општината информираат од Општина Центар.

„Поради зголемен интерес на пензионерите не само околу Трговскиот центар Беверли Хилс во Капиштец туку и пошироко решивме пензионерскиот клуб кој досега функционираше во склоп на читалната “Ацо Шопов” да го преместиме на нова локација. Сега пензионерите и од овој реон, близу Заводот за рехабилитација може да поминуваат квалитетно време во поголеми и покомотни услови. Мене ми е навистина мило што пензионерите од Капиштец ја негуваат дружбата и имаат потреба од поширока социјализација, на овие средби тие разменуваат информации кои ги засегаат сите пензионери и зборуваат за новите проекти во општината. Така што на пензионерите и од овој реон ги поканувам да го посетат клубот кој работи секој ден од 10 до 14 часот да се дружат, рекреираат и поминуваат интересно време со своите сограѓани“, изјави Герасимовски.

Од Општина Центар велат дека ова е првиот од трите пензионерски клубови кои ги отвори градоначалникот Герасимовски, другите два функционираат во Крњево и кај Универзалната сала. Додека на територија на Општина Центар функционираат вкупно 8 пензионерски клубови.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар