Општина Центар: Панчевски да ја урне дивоградбата во рок од 15 дена

Од:

„Општина Центар ја информира јавноста дека постапи по забелешките на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, во врска со случајот за дивоградбата на улица „Никола Вапцаров“ бр. 6. Забелешките на Комисијата беа од формален карактер и брзо се отстранети од страна на инспекцијата на општина Центар. Општината го потврди претходното решение за отстранување на дивоградбата.

Со него се наредува на инвеститорите В.П.; С.П. и Е.С., сите од Скопје, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, да ја отстранат градбата на улица “Никола Вапцаров“ бр. 6. Се бара отстранување на изградените 3-ти и 4-ти кат, како и дел од поткровјето кое е во градба и доградба.

Надлежниот градежен инспектор на општина Центар констатирал дека објектот кој е од категорија А2-домување во станбени згради, целосно отстапува од заверениот основен проект за реконструкција и дека се изведуваат градежни работи без одобрение за градење.

Во решението на овластениот градежен инспектор стои дека ако истото не се спроведе, а градбата не се отстрани во определениот рок од 15 дена, на 16-тиот ден ќе се пристапи присилно административно извршување.

Лицата В.П.,С.П. и Е.Т. во текот на месеците јули, август и септември, како соизвршители – инвеститори, без одобрение за градење, надградиле 2 ката на постоечка зграда во строгиот центар на Скопје, со вкупна површина од 551,86 м2, за кои инспекциските служби утврдија дека се дивоградба.

Второстепената државна комисија, по жалбата на еден од инвеститорите, го поништи првостепеното решение и го врати на повторна постапка. Секторот за инспекција веднаш пристапи кон повторно разгледување на целиот предмет, ги отстрани формално-правните недостатоци по насоките на второстепената комисија и со решение кое е доставено до инвеститорите, им нареди да ја отстранат дивоградбата.

Лицето В.П. е со-сопственик на 2/4 од објектот, а лицата С.П. и Е.П. се со-сопственици на по 1/4 од објектот“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање