Општина Центар: Општината со ангажирани 95 сезонски работници посветено се грижи за чистотата на улиците и тротоарите

Од:

Општина Центар реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, покрај сите предизвици со кои се соочува државата во моментов, помалку наивно продолжува со ширењето на дезинформации, лаги и невистини.

Општина Центар со ангажирани 95 сезонски работници редовно и посветено се грижи за хигиената и чистотата на улиците и на тротоарите и спроведува успешни акции за собирање на кабаст и на електричен отпад.

ВМРО-ДПМНЕ, покрај користењето на стари слики, упорно заборава дека за собирање на смет од контејнерите надлежно градско претпријатие е ЈП „Комунална Хигиена“, а не општината и таа е адресата на која треба да ги побараат одговорите. Општина Центар во рамките на својот делокруг, редовно ги расчистува и отстранува дивите депонии кои изникнуваат на нејзина територија.

ВМРО-ДПМНЕ, во недостиг на продуктивни предлози и идеи и понатаму се служи со разни деградации и омаловажувања на работата на градоначалникот и на општината.

Заложбите на градоначалникот Саша Богдановиќ и на општината за почиста и поздрава животна средина ќе продолжат и во наредниот период, со редовното одржување на хигиената од страна на надлежните општински служби“ се вели во реакцијата на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар