Општина Центар ја заврши реконструкцијата на „Адвокатска улица“

Од:

Општина Центар информира дека е завршена реконструкцијата на „Улица 2“, „Станбена 3“ и „Пешачка улица 102а“, кои заедно ја сочинуваат таканаречената „Адвокатска улица“.

– Стариот и дотраен асфалт на коловозот се заменува со нов, висококвалитетен, на вкупна површина од 1270 метри квадратни. Изведени се нови рабници од двете страни на тротоарите, поставен е долен строј на улицата и изведена е нова атмосферска и водоводна канализација.
Покрај „Адвокатската улица“, досега Општина Центар ги реконструираше улиците „Козара“, „Шарски одреди“, „Новопроектирана 2“, улицата „Дебарца“, „Црвена Вода“, „Ј. Х.Џинот“, „Ристо Шишков“, „Петар Поп Арсов“, „Рајко Жинзифов“, крак од улицата „Партизанска“, „Антон Панов“ и „Никола Тримпаре“.Наредни за реконструкција според програмата за работа на Општина Центар се улиците „Ленинова“ (делот од бул. „Партизански Одреди“ до ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“), „Алберт Ајнштајн“, „Андон Дуков“ и „Донбас“ се наведува во соопштението од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар