Општина Центар ја санкционира узурпацијата на тротоарите на “Ленинова”

Од:

Станарите на улица “Ленинова“ бр.29 се пожалиле дека на ден 4.7.2016, во кафе барот “Децата од нашата улица“ се одржува ноќна забава со гласна музика, а масите и столиците се поставени по целиот тротоар, соопштија од општина Центар.

Инспекција од општината излегла веднаш на терен и констатирала дека не се почитуваат законските прописи и договореното на средбата на градоначалникот со сопствениците на кафулињата од улица “Ленинова“. leninova 1

„Тие на средбата се согласија на тротоарите да се остави слободен простор од 2 до 2,5 метри, за да се овозможи непречено движење на пешаците. Сопственикот на кафе барот е повикан на разговор во инспекција, но не се одзвал на поканата.

Надлежниот инспектор одмери казна која, според Законот за јавна чистота, се движи до 4000 евра за правното лице, а за одговорното лице – 30% од одмерената казна за правното лице.

Инспекциските служби од општина Центар ќе продолжат со редовните контроли, за да видат дали и понатаму има отстапување со поставувањето на опремата.

Општина Центар ги повикува граѓаните, доколку забележат прекршување на законот, без разлика дали се работи за бучава или за опрема, да пријават кај надлежните органи“, стои во соопштението од општина Центар.leninova

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар