Општина Центар ја реконструираше улицата „Партениј Зографски“ на Водно

Од:

На улицата „Партениј Зографски“ на Водно не е интервенирано од нејзината изградба во далечните 60-ти години. Граѓаните се жалеа на ударните дупки, испуканиот и нерамен асфалт кои беа опасност за безбедноста на патниците и возачите.

Општина Центар ја заврши комплетната реконструкција на дел од улицата, во должина од 500 метри. Поставен е нов асфалт, а таму каде што беше многу лоша состојбата, заменет е и тампонскиот слој.

На „Партениј Зографски“ се поставуваат нови рабници, како и нов тротоар со бехатон коцки, во ширина од 1,5 метар. Заменети се и капаците на шахтите.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар