Општина Центар и Архитектонскиот факултет ја започнаа активноста за разработка на студентски визии за значајни локации во оваа општина

Од:

Како продолжение на континуираната соработка помеѓу Општина Центар и Архитектонскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, официјализирана и преку меморандум за соработка во 2019 година и оваа академска година ќе реализираат заеднички стручно-образовни активности.

Една од нив е соработката помеѓу вработените од Секторот за урбанизам при Општина Центар и наставниот кадар од предметот Архитектонско студио 5.2, под водство на Проф. Д-р Анета Христова – Поповска, Вонр. проф. Д-р Михајло Зиноски и Доц. Д-р Мери Батакоја.

Согласно Студиската програма, студентите се обучуваат за практична примена на знаењата од архитектонско проектирање на специфичните објекти од областите на административните (канцелариски) згради и зградите за образование.

По избор на наставниот кадар, а во договор со Општина Центар, во рамките на овогодинешното студио, локацијата на која ќе проектираат административна зграда е парцелата каде се наоѓаат бараките на Општина Центар.

На студентите на денешната посета им се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој им посака успех во проектирањето и порача дека добрата соработка со Архитектонскиот факултет ќе продолжи и во иднина, со уште заеднички проекти за подобрување на животот на центарци.

Покрај споделувањето на податоци, знаење, искуство, вработените од Секторот за урбанизам при Општина Центар ќе го стават на располагање своето професионално знаење со цел студентите да осмислат поквалитетен работен простор за вработените, поквалитетен простор за посета за странките и воопшто, поквалитетен јавен објект и јавен простор за граѓаните на Општина Центар и градот Скопје.

Од друга страна, студентите ќе продуцираат повеќе идејни решенија преку кои ќе може да се тестира капацитетот на локацијата за современ административен објект, паркирање, зеленило и други јавни содржини и преку различни проекти ќе се провери какви можности нуди оваа локација, што е од големо значење при поставување на цели за развој на општината во иднина.

На денешната презентација, која се одржа во салата на Советот на Општина Центар, вработените и наставниот кадар им ги претставија можностите и задачите на студентите, кои тие ќе ги имаат предвид во успешното завршување на задачите.

Општина Центар преку Секторот за урбанизам и Секторот за комунални работи, уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина, веќе трета година остварува соработка со Архитектонскиот факултет и на наставниот предмет „Интегративно студио“, предмет кој се изучува во 9-тиот семестар.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски