Општина Центар го решава проблемот со дел од „барокните сендвичари“ во централното градско подрачје

Од:

Општина Центар соопшти дека нема да се постави барокна сендвичара пред Собранието, откако општината го раскинала договорот со фирма што ја добила таа можност на наддавање во Министерството за транспорт.

„Урбаниот хаос во централното градско подрачје, креиран од претходната власт го надополнуваа и „барокни сендвичари“, во бордо боја, со златни детали и столбови во барок кои не соодветствуваат на просторот и не ги исполнуваат хигиенските и здравствените норми и процедури“, велат од Центар.

Како што информира Општината, во декември 2018-та година, Центар од Министерството за транспорт и врски во нејзина надлежност презема предмети кои се однесуваат на договори за отуѓување на државно градежно зедмјиште со јавно наддавање. Еден од тие предмети се однесува и на таканаречените „барокни сендвичари“, односно киосци, кои веќе се или би биле поставени во централното градско подрачје.

Дел од сендвичарите биле изградени и предвидени да се изградат на несоодветни локации, како на пример непосредно пред Собранието на РСМ.

Со цел воведување на ред во урбаниот хаос, Општина Центар презема соодветни мерки за да ги санира настанатите последици.

Така, велат од Општината, на еден од тие предмети, кој се однесува на изградба на барокна сендвичара на сервисната улица, која се наоѓа помеѓу Домот на АРМ и Собранието, општината пристапи кон раскинување на договорот со купувачот на земјиштето.

„На 6.8.2020 година, беше активирана банкарската гаранција на купувачот на земјиштето, а со тоа и формално е започната процедурата за раскинување на договорот на тоа градежно земјиште, кое било вцртано и отуѓено на несоодветен начин и на несоодветна локација. Општина Центар ја известува јавноста дека како за овој, така и за сите други вакви исти или слични случаи, ќе реагира соодветно, користејќи ги сите правни средства и мерки во инетерес на граѓаните“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Мирослав Лабудовиќ: Целосна реконструкција на улиците во Центар за ослободување на просторот од хаосот

Предраг Петровиќ