Општина Центар ги наградува најдобрите ученици и наставници

Од:

Образованието е мост меѓу семејството и општеството. Општина Центар смета дека доброто образование е услов за идни добри граѓани.

Затоа, општина Центар за прв пат воведува вреднување на наставниците и на учениците во 7-те основни училишта на нејзината територија.

Во петок градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски ќе додели Пофалници и парични награди на најдобриот ученик-осмо одделенец, најдобриот предметен и одделенски наставник.

Критериумите за наградите ги определува Комисија на секое училиште. Најважни се успехот, квалитетот, освоените награди и посветеноста.

Оваа награда ќе се доделува еднаш годишно за да се мотивираат учениците и наставниците  за да придонесат за подобро образование.

Доделувањето на наградите ќе биде в петок(23.05.2014) во 13 часот во ОУ Јохан Хајнрих Песталоци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски