Општина Центар ги дезинфицира станбените згради и јавните површини

Од:

И денес екипи на Општина Центар ги дезинфицираат зградите во делови на општината.

„Со средство за дезинфекција темелно се дезинфицираат влезовите, ходниците, заедничките простории и лифтовите, сѐ со цел намалување на опасноста од ширење на зарази, вируси и бактерии, вклучително и вирусот Ковид 19. Со течен концентрат за дезинфекција и процес на чистење со активен кислород, кој има високо гермицидно дејство, службите на Општина Центар ги дезинфицираат и јавните површини околу зградите во општината“, соопштуваат од Центар.

Концентратот е еколошки, биоразградлив, воопшто не ја загадува околината и делува против сите видови грам-позитивни и грам-негативни бактерии, спори на бактерии, вируси и габички. Денес се распрскуваа јавните површини во населбата Дебар Маало, а со истата активност ќе се продолжи и во другите делови на општината, велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар