Општина Центар доделува 15 стипендии за Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Од:

Општина Центар информира дека во рамки на Меморандумот за соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, обезбедува 15 стипендии за студенти за учебната 2022/2023. Општината ги повикува сите заинтересирани да се јават на повикот и бидат дел од новата студиска година.

Заинтересираните треба да аплицираат со овие документи:

1.Мотивациско писмо со биографски податоци, во кое се наведува досегашно образование, постигнат успех, познавање на странски јазик и причина за конкурирање на овој повик,
2. Копија од диплома за завршено средно образование/копии од свидетелства за завршени учебни години,
3.Копија од лична карта,
4.Уверение за македонско државјанство и
5.Изјава со која се потврдува дека не е корисник на друга стипендија

Сите дополнителни награди, признанија, познавање на странски јазици ќе се земат во предвид при крајното рангирање.

Пријавата со потребните документи, треба да се достави заклучно со 28.09.2022 со назнака “Повик за доделување на стипендии за додипломски студии“ во архивата на Општина Центар. За сите дополнителни информации, може да се јавите на телефонскиот број 075 219 142.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар