Општина Центар: БЕГ да ја врати во првобитна состојба „Народен фронт“, следуваат казни

Од:

БЕГ (Балкан Енерџи Груп), која врши менување на топлотните цевки долж улицата „Народен фронт“, не го почитува Законот за градење и Правилникот за прекопи донесен од општина Центар.

Жителите на околните згради на улицата „Народен фронт“ но и други минувачи се пожалија до градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на катастрофалната состојба во која се наоѓа улицата.

Изведувачот само ја истампонирал улицата и ставил асфалт и затоа, досега направениот дел е пропаднат. Надлежниот градежен инспектор на општина Центар донесе решение согласно законот и правилникот, БЕГ улицата да ја врати во првобитна состојба.

Доколку не се постапи по ова решение, следуваат казни согласно Законот за градење, 9.000 евра во денарска противредност за правното лице и глоба од 30% од одмерената казна за правното лице да му се изрече на одговорното лице, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски