Општина Бутел потрошила 164.000 евра за лица кои не потпишале договори за вработување, покажа ревизијата за 2021 година

Од:

Надминување на законскиот лимит од две години за континуирани привремени вработувања, неправилности во исплатата на расходи за гориво и паушално плаќање на камиони за зимско одржување, покажа Ревизијата на финансиските извештаи на Општина Бутел, на сметката на основниот буџет за 2021 година.

„Констатирани се следниве состојби: – надминување на законски пропишаниот лимит од две години за континуиран ангажман на привремено вработени лица како и слабости во постапката за ангажирање на сезонските работници за извршување на јавните работи;

– непочитување на начелото на транспарентност и отчетност од страна на субјектите на кои им е доделена финансиска помош од општината;
– неправилности во делот на исплатата на расходите за гориво и надоместоци на членови на Советот на општината“, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Финансиските извештаи се одговорност на градоначалникот на Општина Бутел застапуван од: Велимир Смилевски, градоначалник од 13.11.2017 до 05.11.2021 година и Дарко Костовски, градоначалник од 05.11.2021 година.

Во текот на 2021 година исплатени се средства во вкупен износ од 19.669 илјади денари или 320.000 евра за повеќе лица чиј број варира од 28 до 67 привремено ангажирани лица.

„Од овој број, девет лица се ангажирани континуирано за период подолг од две години при што во текот на 2021 година исплатен е износ во висина од 1.694 илјади денари, што не е во согласност со член 24 од Законот за приватните агенции за вработување, кој предвидува во кои случаи, агенцијата може да отстапи работник за вршење на привремени работи и да склучи договор, но не подолго од две години, со или без прекин. Ваквиот начин на ангажирање на лица во општинската администрација, кој не е во согласност со законски пропишаната рамка укажува на намалена транспарентност при вработувањето, субјективност во изборот на лица и повластена положба во постапката на нивно ангажирање, како и непостојаност на кадарот кој треба да ги извршува редовните работни задачи во Општина Бутел“, констатира ревизијата.

Општината ангажирала 50 невработени лица преку Јавен повик за одржување на јавната чистота и за нив платила 164.000 евра, но ревизијата откри дека договорите за привремено вработување не биле потпишани од вработените.

„Ваквиот начин на ангажирање на работници, создава сомнеж во врска со ангажираноста на овие лица што може да доведе до неоснована исплата на средства и оштетување на буџетот на општината“, утврдија ревизорите.

Кај спроведената набавка на услуга на услуга за зимско одржување на локални улици и патишта по основ на која е склучен договор во висина од 8.260 илјади денари или околу 130.000 евра, утврдени е дека општина Бутел предвидела исплата од 7.000 евра паушал за ангажман на два камиони за различни потреби на општината.

Би можело да ве интересира

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

ДЗР: Претпазливо да се управува со јавните финансии, зголемениот јавен долг бара одржлива фискална политика

Од Македонија годишно си заминуваат по 2.500 високообразовани кадри, државата на петто место по одлив на мозоци

Катерина Ѓуровски

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале во целост препораките на Државниот завод за ревизија

Катерина Ѓуровски

Автопатот Кичево-Охрид 10 години не е завршен, а станал поскап за стотици милиони евра

Катерина Ѓуровски

ДЗР: Слабости во ИТ системот на ФЗО, не се воспоставени контрола и систем за успешноста на лекување во странство