Општина Аеродром: Нов концепт за одржување на јавната хигиена

Од:

Преку соработка со приватен партнер, Општина Аеродром промовира нов систем за одржување на јавните површини во општина Аеродром. Покрај тековните капацитети и лицa кои редовно се ангажирани од страна на локалната самоуправа, отсега хигиената и зеленилото во Аеродром ќе се одржува со зголемен капацитет на механизација, а со и тоа поголем број работници на терен информираат од Општината.

Градоначалникот Муцунски, на својата фејсбук страна потенцираше дека ветувањата за унапредување и подобрување на хигиената, дадени на почетокот на оваа година, се реализираат оваа пролет

„Свесни за фактот дека хигиената во Аеродром може да биде на повисоко ниво, на почетокот на оваа година, ветивме дека ќе работиме на нејзинo унапредување и подобрување и тие ветувања ги реализираме оваа пролет. По реакциите и забелешките од граѓаните воведуваме нов концепт на уредување, чистење и косење во општината“, истакна Муцунски.

Здружени и со ваша поддршка ги решаваме најважните проблеми и предизвици. Новиот концепт започна да се применува од четвртокот и за само два дена целосно искосени се 80 илјади квадратни метри зеленило во Аеродром.

„Со ова темпо продолжуваме и следните денови. Убеден дека, многу скоро ќе ја постигнеме, нашата заедничка цел: целосно зелена, уредена, убава и чиста општина Аеродром“, заклучи Муцунски во својата објава.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

А1он

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром