Општина Аеродром: Градоначалникот Тимчо Муцунски престојува во неколкудневна посета на САД

Од:

На покана на Амбасадата на САД во Македонија, градоначалникот Тимчо Муцунски, заедно со градоначалниците на неколку други општини, престојува во повеќедневна посета на САД, каде учествува на Програмата за меѓународни лидери организирана од американската влада информираше општина Аеродром.

– Во рамките на посетата тој оствари повеќе средби со високи претставници на Стејт Департментот, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации во Вашингтон. Клучна тема на разговорите беше потребата од засилена борба против корупцијата во Македонија, но и можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете држави. Во рамки на посетата, градоначалникот Муцунски ќе ги посети градовите Питсбург и Феникс каде ќе оствари средби со претставници на локалната власт и ќе размени искуства околу добрите практики во делот на локалната самоуправа и креирањето на политики на локално ниво. tој на својата Фејсбук страна упати благодарност до Амбасадата на САД за оваа можност од која ќе произлезат нови искуства, пријателства и можности за соработка, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

А1он

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски