Општина Аеродром: Аеродромци ја испратија 45-та Илинденска коњаница кон Крушево

Од:

Со традицонална македонска музика и богата културно – уметничка програма, вчера во Аеродром граѓаните масовно и во голем број ги испратија учесниците на годинешната Илинденската коњаница. Оваа година, во организација на здружението,, Илинденски коњички марш 1978” од Горно Лисиче и 45-ти пат по ред, околу 30 јавачи се упатија кон славното Крушево и Мечкин Камен, каде на 2 август ќе се одбележат Денот на Републиката и 120-годишнината од Илинденското востание информира Општина Аеродром.

– Маршот на коњаницата започна од паркот ,,Јане Сандански” каде на учесниците им беше предадено знамето на Општина Аеродром, а централната манифестација за испраќањето и литургијата се одржаа во храмот ,,Св. Петар и Павле” во Горно Лисиче. Општина Аеродром е традиционален поддржувач на настанот, а оваа година единствена јавна институција која со финансиски средства го поддржа „Илинденскиот марш“. Градоначалникот Муцунски изминатите денови присуствуваше на подготвителните активности за маршот, а вчера претставници на Советот на Општината Аеродром присуствуваа на официјалното испраќање на коњаницата. Со благодарност до учесниците и пораки за мирен пат и безбедно пристигнување во Крушево, тие ги поздравија учесниците на маршот, се вели во соопштението од општината.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Левица: Учениците во училници без парно, градоначалникот Митевски си тера фотосесии

А1он

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Георгиевски: Во Илинден ќе се отвори полициска станица за безбедна и мирна животна средина за сите граѓани

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена