Опозицијата во полн состав се враќа во Собранието

Од:

Опозицијата најави дека денеска завршува нивното формално учество во работата на Собранието и оти во полн состав се враќаат во неговата работа.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски на почетокот на собраниската седница го поздрави денешното потпишување на извештајот од страна на Комисијата за настаните од 24 декември и оцени дека е добро што ќе има документ кој реално ќе ја отсликува фактичката ситуација.

– Со оглед на фактот дека веќе е очигледно оти работата на Комисијата ќе има епилог и извештај доследни на своите ставови, исполнувајќи го докрај мартовскиот договор, и најмногу во интерес на македонските граѓани, ве информирам дека нашето досегашно формално учество во Собранието завршува и во неговата работа се враќаме во полн капацитет како што тоа го правевме пред 24 декември, рече Ивановски.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори го нарече „блеф“ и оцени дека за државата и за нејзините евроатлански процеси е добро што ќе има извештај кој, како што рече, реално ќе ги отсликува настаните и фактичката ситуација од 24 декември.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот