Опозицијата обвини: Антикорупциска е филијала на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Опозицијата негодува зошто претседателот Трајко Вељаноски, дел од нив ги избриша од списокот пријавени за дискусија за Извештајот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2011 година. Неговото објаснување беше дека се пријавиле по истекот на времето за пријавување. За опозицијата спикерот да ги замолчи и да не се чуе за скандалозното работење на Комисијата.

Претседателот на Комисијата, Корабовска, рече дека е постапувано по 1357 предмети. Повеќе од 110 се решени. Има поднесено 11 иницијативи за спречување на судир на интереси.

Според неа комисијата има силна подршка од меѓународниот фактор и е целосно посветена на спроведување на законите.

Ана Павловска Данева и забележа зошто ги потценува пратениците, рече, дека тие знаат да читаат и немало потреба претседателката 15 минути да им го чита напишаното во Извештајот.

„Јавното обвинителство по секоја ваша небулозна иницијатива не презема ништо. Ни една ваша иницијатива нема завршница ни во обвинителство ниту пак судска разрешница. Дали имате за 2011 барем еден случај за судир на интереси, еве и за мене“, праша Данева.

Весна Бендевска ја праша дали како член на ВМРО-ДПМНЕ, претседателката била член на изборен одбор. Дали нејзиниот сопруг е член на управен оддбор на ЕМО и е преместен во пазарна инспекција.

„Немате милиграм личен и професионален интегритет да говорите за борба против корупцијата. Не ни можете да бидете член на Антикорупциска, бидејќи, спротивно на законот вие имате завршено факултет за туризам“, и порача Бендевска.

Оливер Спасовски ја отвори дилемата дали воопшто ваква Комисија и треба да постои.

„Да не имате технички проблем па не се јавивте за контрареплика. Не сте во штабот на ВМРО-ДПМНЕ да молчите и да запишувате, па да се вратите во Антикорупциска и да ги спроведете задачите“, ја праша Цветанка Иванова, претседателката на Комисијата, бидејќи таа не одговори на ниту едно од обвинувањата на опозицијата.

„Антикорупциска е филијала на ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата е пасивна, затворена и бледа сенка на на првата Антикорупциска Комисија. Стејт Департментот, лоцира дека најголем проблем е корупцијата на власта, а вие немате ни една иницијатива за ниту еден владин функционер“, рече Иванова.

Емилијан Станковиќ презентираше документ од седница на Комисијата во кој стои дека членот Мирјана Димовска како награда за извештајот за финансиското работење на партиите за изборите, е наградена со една плата.

„Кога ќе излезете во јавноста и да кажете дали Антикорупциска комисија ја разгледуваше финансиската дупка од 3,5 милиони евра на ВМРО-ДПМНЕ за изборната кампања“, ја праша Станковиќ.

Претседателката на Комисијата не даде одговор ниту на ова прашање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште