Опозицијата го нападна владиниот ребаланс на буџетот: Нема приоритети и ќе ја зголеми сиромаштијата

Од:

На попладневното продолжение на 47. собраниска седница на која се дискутираше по дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2021 година, пратениците од владејачкото мнозинство оценија дека тој ќе придонесе за здрава економија и здраво општество, додека според претставниците на опозицијата ребаланост само ќе ја зголемува сиромаштијата и ќе создава сиромашни граѓани.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска оцени дека ребалансот е без приоритети, посочувајќи дека секоја година власта амбициозно тргнува со мегаломански буџети кои на крај ги ребалансира и „остварува едно големо ништо од проектите за граѓаните кои ги ветува“.

Пешевска укажа дека во делот на ребалансот за гасификација конкретно нема никакво зголемување, бидејќи износот од 140 милиони денари е ист како буџетот за 2021 година пред овој ребаланс. – И ова покажува дека досега немало проекти и за жал и од сега за гасификација ќе нема поради неспособната власт, изјави Пешевска.

Пратеникот од Алијансата за Албанците, Елми Азири истакна дека не ги разбира принципите со кои е направена распределбата на средствата, која според него е со „отсуство на чувство за потребата на граѓаните“.

– Разговаравме за стапката за реализација на капитални инвестиции и јас реков дека тоа што до сега е реализирано, 28 проценти за шест месеци, ме принудува да се соменуваме дека може до крајот на годината да се реализираат целосно ставката. На крајот ќе видиме колку ќе се оствари, досегашниот ритам не ни дава оптимизам. Во ребалансот се нагласува дека имаме раст од 27,1 процент од капиталните расходи. До пред два дена кога ги прелистав податоците во МФ пишуваше дека нивото на реализација од почетокот е 26 проценти за првата половина од годината. Било кој да биде приемиер, и кој да биде министер за финансии не е можно 70 проценти кои преостануваат да ги реализира за втората половина, нагласи Азири.

Тој додаде дека нивните забелешки се за структурата на капиталните расходи.

– Има 150 проценти пораст на буџетската ставка купување на мебел, имаме пораст на стоки и услуги имаме пораст на договорни услуги, значи овде е нашата загриженост. Имаме непродуктивни расходи, имаме расходи со непродуктивни критериуми. Ако се впуштиме во структурата на јавните расходи во однос на капиталните инвестиции во одредени министерства, ќе видиме дека ова што го велам јас се докажува, потенцираше Азири.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, од своја страна посочи дека капиталните инвестиции воглавно се зголемуваат во буџетската структура и стигнуваат до 11,1 процент за разлика од претходните девет години кога биле 9,5 проценти. Ако се споредиме со другите години, како што рече тој, реализацијата на капиталните инвестиции била отприлика 55, 60, 70 проценти, а оваа година се рализирани 81 процент.

Тој, во неговото експозе наведе дека предложениот ребаланс на Буџетот ги отсликува економските и социјалните политики што ќе ги спроведува Владата, кои се насочени кон остварување на клучните цели утврдени со стратешките приоритети.

Бесими нагласи дека здравјето на граѓаните, здравата економија, како и здрави финансии и општество воопшто остануваат клучни приоритети за оваа година.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата се планирани на ниво од 222,5 милијарди денари или се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Вкупните расходи се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 отсто, повисоки во однос на планот, а планираните приходи и расходи, претпоставуваат дефицит во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 отсто од БДП. Во ребалансот е предвидено да има раст на приходите од 4,7 отсто или за околу 10 милијарди денари, повеќе средства за капитални расходи за 24 отсто, како и дополнителни средства за мерките за поддршка на домаќинствата и стопанството, за здравството и за процесот на имунизација на населението, зголемена поддршка на земјоделството и социјално ранливите категории.

Седницата продолжува утре.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште