Опозицијата го бараше Бакрачески за точките за буџетот

Од:

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска повторно не е присутен на седницата на Советот на Општина Охрид. Опозициските советници изразија жалење што првиот човек на Охрид и денеска не е присутен каде се одлучува за ребаланс на буџетот и неговото столче, како многу пати до сега остана празно.

Во однос на оние точки за кои во моментов се води расправа во Советот, клучните точки се оние кои допрва ќе следат односно точките за буџетот меѓутоа за жал и денеска немаме присуство на градоначалникот Бакрачески за оваа најсериозна точка и со тоа на некој начин сме повредени бидејќи како советници би требало да советуваме на оној кој што е извршна власт – рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

oh sove (2)

Тој во однос на ребалансот на буџетот обвини дека и годинава локалната власт на ВМРО – ДПМНЕ не успеа да го исполни буџетот односно дека не се обезбедени доволно приходи. Стојаноски додаде дека реалниот буџет нема да биде овој туку до крајот на годината, од 960 милиони денари тој ќе изнесува 700 милиони денари.

Инаку буџетот и оваа година, како и претходната година, оваа власт власт не успеа да го исполни. Имаме потфрлање на приходната страна за 21 % од вкупно планираниот буџет, а сето тоа со едноставни зборови преведено значи дека имаме 21 % помал потенцијал да се остварат оние зацртани програми во поглед на образованието, во поглед на комуналните дејности, изградувањето на патиштата, спортот, културата и сите останати сфери на работење и живеење во овој град. Имаме класична ситуација во која што не се обезбедени доволно приходи оваа година. Ние и на претходната седница споменавме дека буџетот ќе претрпи ребаланс, нормално очекувајќи дека нема да се остварат тие планирани 960 милиони денари и еве дојдовме до една ситуација да имаме околу 760 милиони денари кои што можеби нема да се остварат до крајот на годината така што реалниот буџет ќе биде некаде околу 700 милиони денари – обвини Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања