Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски јавно ги повика сите што имаат докази за злоупотреба, да ги достават за да можат институциите да делуват, отфрлајќи ги шпекулациите на опозицијата дека и други луѓе од власта се вмешани во злоупотребата на финансиски средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на нова спортска сала и втора фаза од доградба на нови простории во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром повтори дека се единствена Влада, која кога ќе забележи девијантно однесување веднаш реагираат.

– И тоа е вистинска борба против криминал и корупција и тие кои што се замешани, се наоѓаат таму каде што треба да се најдат, изјави Мицкоски.

Ја повика опозицијата, како што рече, да не се затскрива позади прашања, туку да излезе со тврдења.

– Тие држат прес-конференции со прашања. Ако се толку сигурни во тие тврдање, нека излезат и нека кажат. Замешан е Христијан Мицкоски, замешан е тој и тој. Затоа што вака е кукавички, не оставаат впечаток. И нека ни помогнат, јас јавно повикувам еве сите што имаат докази за злоупотреба, нека дојдат и нека ги достават тие докази за да можеме ние да делуваме. Така што апсолутно ги отфорлам тие шпекулации и нека остават да си ја работиме работата онака како што треба ама да не стигне и до некои нивни поранешни функционери и министри. И тогаш да ги видам, повторно да излезат на прес-конференција, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

ИПАРД случајот стигна до суд: Продолжение на постапката на 30 април

Горан Наумовски

ВИДЕО: За реконструкција на Владата ќе разговара во периодот мај/јуни

Катерина Ѓуровски