Опожарени се помошни простории на викендица во вчерашниот пожар кај Раштак

Од:

Пожар кај селата Раштак и Страчинци, во текот на вчерашниот ден зафатил дел од викендичка, нема повредени лица, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 15 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека кај селата Раштак и Страчинци настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќа, пет помошни простории за чување живина, разновиден алат и друго, сопственост на Н.М., 51-годишно лице од Скопје, појаснија од МВР.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на скопската Бригада за противпожарна заштита.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан