Опожарени контејнери во Ѓорче Петров

Од:

Во текот на изминатите два дена, непознати сторители опожариле три сада наменети за одлагање комунален отпад на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров.

Еден од контејнерите бил лоциран спроти Европската очна клиника, додека останатите два контејнера се опожарени во непосредна близина на Геријатриската болница. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на микролокациите и поставија нови садови.

– Опожарувањето на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје. Апелираме да престане уништувањето на садовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи од страна на Претпријатието и очекуваме да бидат преземени соодветни мерки за изнаоѓање и санкционирање на сторителите, вели директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е работник на „Комунална хигиена Скопје“

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

Орце Костов

ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна 1130 тони отпад во текот на изминатите два дена

Советниците на СДСМ бараат вклучување на сите јавни претпријатија за решавање на проблемот со сметот

ЗНМ со претставка до МВР заради непрофесионален однос кон новинар од Порталб.мк

Градоначалниците на скопските општини се инфлуенсери: Арсовска им порача да си ги исчистат прво своите населби

Орце Костов