Скопјанец треба да добие 4.700 евра од оператор – со договор со украдена лична карта му ја блокирале сметката

Од:

Скопјанецот З. Божиновски од домашен телекомуникациски оператор треба да добие 4.700 евра за претрпен страв и повредени чест и углед како и 1.000 евра за судски трошоци по тужбата за неосновано блокирање на трансакциската сметка од 2 години и 2 месеца.

Историјата на спорот меѓу операторот и тужителот почнува пред 12 години. Непознат сторител во 2007 година му го провалил возилото на Божиновски и му ја украл ташната каде што биле личната карта, пасошот и возачката дозвола. Овој  настан Божиновски го пријавил во надлежната полициска станица во Центар, а потоа во „Службен весник“ украдената лична карта ја огласил за неважечка.

Во 2008 година, крадецот со злоупотреба на неважечката лична карта на ограбениот Божиновски и со злоупотреба на неговите лични податоци склучил два претплатнички договори.

Корисникот на телефонските услуги примал фактури на неговата адреса, така што Божиновски не знаел за постоење на овие договори, ниту пак му било познато дека непознатото лице ги злоупотребило неговите лични документи и податоците од неговата неважечка лична карта.

Во 2009 година пред Основниот суд 2 во Скопје операторот го тужел Божиновски за неплатен долг во вредност од 61.844 денари за засновање претплатнички договори. Судот тогаш го задолжил Божиновски да му го исплати долгот на тужителот сосе законска затезна камата. Решението станало правосилно и извршно во 2014 година.

Божиновски за постапката дознал дури кога му била блокирана трансакциската сметка од извршител. Тој во 2015 година поднел барање до извршителот да го повлече налогот за извршување од личната сметка и приговор до операторот дека никогаш немал склучено договор за користење услуги и барал увид во договорот.

Но, по барањето на тужителот не било постапено, а трансакциската сметка му останала блокирана. Тогаш тужениот, а сега тужител во 2016 година поднел тужба за апсолутна ништовност на договорот за засновање претплатнички однос, кое судот го усвоило. Пресудата станала правосилна и извршна во 2017 година.

Трансакциската сметка на тужителот Божиновски била неосновано блокирана врз основа на налог за извршување, а деблокирана по предлог на тужениот по правосилноста на пресудата.

До судот Божиновски приложил и лекарски наод и мислење кои го изработиле невропсихијатар и судски вештак.

Судијата Аритон Ала од Основниот граѓански суд со пресудата образложил дека на тужителот неосновано му била блокирана трансакциската сметка, за чие што време претрпел стрес и нарушен углед и чест, поради што не можел да добива плата, а му било нарушено и здравјето.

Операторот има право на жалба на првостепената пресуда во рок од 15 дена.

Би можело да ве интересира

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Мадона доцнела на концерт, фанови ја тужат дека им го трошела времето

А1он

Полицајци го тужат МВР – ги оставиле без осигурување цела година

Докторка кардиолог деградирана на пониско работно место бидејќи си ги барала парите што болницата и ги должи

Комшиите од Градски ѕид ќе тужат во Стразбур ако се изградат кулите на паркингот кај „Холидеј ин“

Жарко Настоски

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Русковска нема основа за тужба против партијата

Жарко Настоски