Оперативен микроскоп доби неврохируршкото одделение во Штипската болница

Од:

Оперативен микроскоп денеска доби неврохируршкото одделение во Клиничката болница во Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Александар Стојановски денеска на прес-конференција рече дека станува збор за донација од Универзитетската болница во Цирих.

Тој нагласи дека донацијата е добиена со посредство на штипјанецот Оливер Божинов, кој предава и работи во болницата.

– Станува збор за оперативен микроскоп за потребите на неврохируршкото одделение, со што ќе се овозможи поквалитетна и по професионална услуга за пациентите од нашиот регион, рече Стојановски.

Овој тип апарат е прв и единствен во земјава и овозможува посложена медицинска оператива која ќе може да се спроведува во координација со докторите од скопските клиники, кои освен едукативно, делуваат и дијагностички оперативно во штипската Клиничка болница.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена