Опасен пожар се шири кон границата со Грција, се слуша пукање на муниција

Од:

Пожарот во селото Бешиште во Општина Новаци, во близина на границата со Република Грција, кој гори веќе два дена, сè уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На теренот гори сува трева, како и делови од борова, дабова и букова шума. Пожарот, како што велат од ЦУК, е активен на два краци и се шири кон границата со Грција.

Во гаснењето на пожарот интервенираат пет пожарникари со едно противпожарно возило од територијалната противпожарна единица Прилеп, како и три лица од шумското стопанство „Црн Бор“-Прилеп кои гаснат со едно возило опремено со пумпа.

Од ЦУК велат дека пожарот се развива на непристапен и тежок терен и оти опожарена е површина од околу 100 хектари со борова, дабова и букова шума.

Ситуацијата, додаваат од ЦУК, е опасна бидејќи од местото на пожарот се слушало пукање од муниција, што според нив е поради сознанијата за можни неоткопани гранати во реонот.

За настанот е известен инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и надлежните служби, меѓу кои регионалниот ЦУК од Прилеп, прилепската локална самоуправа, ДЗС од Прилеп и Битола, полицијата во Прилеп и Новаци, Шумското стопанство „Кајмакчалан“ и пожарникарите од Битола.

Би можело да ве интересира

Во изминатото деноноќие 30 пожари на отворено

ВИДЕО: Колони и чекање на Евзони и Дојран за излез и на Табановце за влез во земјава

Катерина Ѓуровски

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

ВИДЕО: Штрајкот направи хаос на границите, километарки колони на Евзони

Катерина Ѓуровски

Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола