Опаѓа бројот на лица заболени од варичела во Крива Паланка и Ранковце

Од:

Бројот на лица заболени од варичела на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце опаѓа од месец во месец.

Според податоците од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошка служба при Центар за јавно здравје во Крива Паланка, бројот на регистрирани случаи со ова вирусно заболување изминатиот период опаѓа, по прогласената епидемија на варичела во јануари годинава, а во мај биле регистрирани 19 случаи.

– Следејќи го пријавувањето на варичела констатираме дека откако беше прогласена епидемија од ова заразно заболување во јануари, кога имаше 72 лица заболени од двете општини, бројот на заболени од месец во месец опаѓа. Во мај се регистрирани 19 случаи, од кои најголемиот број, 14 лица, се деца од популацијата на предучилишна возраст, додека нешто помалку се ученици, четири, како и едно возрасно лице од популацијата од 20-29 години, информира доктор Елена Крстевска од ПЕ на хигиено-епидемиолошката служба во Крива Паланка.

Рече, подолжуваат да ја следат епидемиолошката состојба на варичела на територvarијата на двете општини и очекуваат наредните месеци бројот на заразени уште повеќе да опаѓа.

Варичелата е високо-заразно заболување кое се пренесува по аеро-капков пат и избегнувањето контакт со останати лица во периодот со осип е најдобра превентива.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот