ООУ „Герас Цунев“ од Просениково доби парно греење

Од:

ООУ „Герас Цунев“ доби систем на топловодно греење. Новата капитална инвестиција беше пуштена во употреба денеска по повод патрониот празник на училиштето. Проектот е реализиран со помош на Општина Струмица.

– Со заедничко залагање на училиштето и на локалните власти, успеавме да ја затвориме финансиската конструкција од 2,5 милиони денари. Ова е една од најкапиталните инвестиции што ја имавме последниве години, рече Ванчо Манолев, директор на ООУ „Герас Цунев“ во Просениково.

Според Манолев, училиштето во Просениково имало низа капитални инвестиции со кои се решиле долгогодишните проблеми и на учениците и на професорите.

– Имаме фекална канализација, модерни тоалети во склоп на училишната зграда, нови прозорци и термофасада. Објектот на нашето училиште е модерен и современ и ни претставува посебна гордост. Секојдневно ги подобруваме материјално-техничките услови за работа и тежнееме кон создавње млади индивидуи кои можат да го понесат товарот на градењето иднина на свои плеќи, рече Манолев.

Во ООУ „Герас Цунев“ во Просениково учат 306 ученици во две смени на македонски јазик и на турски јазик.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри