Онлајн состанок на лидерите на Отворен Балкан: Нашата соработка е конкретна, за силен економски регион подготвен за членство во ЕУ

Од:

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска имаше онлајн состанок со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама посветен на интензивирање на соработката за заедничко надминување на потешкотиите околу снабдувањето со храна и енергија, како и за заедничко справување со можни пожари во трите земји летово.

Како што информираат од владиниот прес центар, лидерите договориле создавање мешани меѓуресорски работни групи по кризните теми и со цел создавање заедничка агенција за привлекување странски инвестиции на Отворен Балкан.

На состанокот, присуствуваа и вицепремиерите за европски прашања и економски прашања Маричиќ и Битиќи, националниот координатор за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец, директорот на АД „Електрани на Северна Македонија“, Васко Ковачевски и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

На почетокот на состанокот, премиерот Ковачевски се заблагодари за отворената поддршка која претседателот Вучиќ и премиерот Рама ја изразија во врска со модифицираниот европски предлог, информирајќи дека предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со Европската Унија, претставена од Француското претседателство со ЕУ, Владата ја проследи до Собранието на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието на Република Северна Македонија, се вели во соопштенето на Владата.

Рама и Вучиќ, одделно ја повторија поддршката кон преземените активности на премиерот Ковачевски, односно отворањето на широки консултации со општествените чинители во државата, посочувајќи дека европската иднина на регионот е единствената добра опција за граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија.

На денешниот состанок, лидерите на иницијативата Отворен Балкан ја истакнаа важноста на преземените активности за искористување на регионалната поврзаност и овозможување на слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги, што веќе дава економски бенефити за сите граѓани.

На состанокот, лидерите констатираа дека одлично тече подготовката на големиот саем на вино, храна и туризам во Србија, на кој винариите и производителите од трите држави ќе имаат можност да ги презентираат нивните производи на гости од регионот и Европа, се додава во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“

На иницијатива на Ковачевски Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Ана Ололовска