ВИДЕО: „Он шипците ќе ги собере, турците и циганите“

Од:

Веднаш по пристигнувањето на пара-полициските структури во Охрид се превзема и првата акција. Протугер бара од Миле Јанакиески да пренесе заканувачка порака до сопственикот на приватната компанија „Илинден“, веднаш да ги запре сите градежни активности во Охрид, да го запре асфалтирањето на улиците во градот.

Протугер бара ангажман на високи полициски функционери во предизборните активности во Лескоец, рекоа од СДСМ на прес конгеренцијата од 21 бомба во Охрид.

Разговор помеѓу Мартин Протугер и Миле Јанакиески

МЈ: Ее?

МП: Миле шо праиш?

МЈ: Добар бе еве, на мал митинг идам

МП: Го барам Владо ако си со него

МЈ: Со него

МП: ее му ѕвонам на телефон види ако.. ај ќе ми го даеш попосле само да ти кажам нешо има една фирма Илинден, градежна фирма од Струга асфалтираат по налог на Ацо низ цел Охрид, нека запре кажи му зашо ќе му е…. мамицата кажи му…

МЈ: Ја ќе му се јавам на Раде бе

МП: Јави му се одма. Кажи му асфалтирате по Охрид, работиш за Ацо, кажи му љути се ќе ти ја е.. мајката

МЈ: Добро

МП: Да, дај ми го Владо

ВТ: Ало.

МП: Владо како си како иде?

Вт: Добро иде некако.

МП: Се борите, добро.

ВТ: Да, повели.

МП: Владо сакав да те замолам нешто.Значи јас сум во Охрид,сега нели таму и координирам, денеска дојдов.

ВТ: Така

МП: Имаме ли простор во Охрид два тројца да бутнеме кај тебе у Тинексот на еден месен комитет што ни носи многу гласа.У седум години само двајца вработени има.Таму има невиден револт,а многу ќе ни помогне знаеш.Сега секој глас се брои.

ВТ: Види тие сега како да напраиме,да ги примиме после да ги вратиме дома некако нечесно е.Да ги имам на терет цело време некако и тоа не е некаква математика знаеш.

МП: Да,да.

ВТ: Ај ќе помислам сега ја… ќе помислам.

МП: Помисли што може да напраиме, ама ми треба …

ВТ: Ќе зборам со ќерка ми…

МП: Да, збори. Ми треба сега денес, утре да им кажам малце да им олесни на луѓето.

ВТ: Ако има одма ќе ти јавам, ќе ти пратам порака.

МП: Важи, важи.

ВТ: Поздрав, пријатно.

МП: Важи, чао.

Разговор помеѓу Мартин Протугер и Љупчо Тодоровски (Радник)

ЉТ: Ало.

МП: Ало, Љупчо шо праиш?

ЉТ: Добро еве.

МП: Добар си?

ЉТ: Добар супер. Шо праиш ти?

МП: Добро, добро у Охрид исправаме криви дрини. Види, двајца ни требаат многу во Охрид, на место каде што имаме добар резултат, а со нивна помош ќе напраиме уште подобар и ќе ни покрие некаде каде што послабо може да помине, знаеш.

ЉТ: Добро.

МП: Овој Ламаноски…

ЉТ: Добро.

МП: И Гоце Џуклески.

ЉТ: У, одма ќе ги пратам, ама Гоце Џуклески е професор, ќе му кажам за утре и задутре да не биде на школо, да дојде таму.

МП: Да, во Лескоец да поминат, они се од таму.

ЉТ: А да ти се јават?

МП: Е да ми се јават дај им го бројот, да.

ЉТ: Кога ќе дојдат утре ќе ти се јават.

МП: Еј да ми се јават на мене ја ќе идам со нив ќе им кажам кај да поминат.

Разговор меѓу Љупчо Тодоровски (Радник) и Мартин Протугер

ЉТ: Aло

МП: Ало

ЉТ: Еј Мартин

МП: Љупчо се слушнав, овај Добре ми се јави.

ЉТ Сега… утре ќе ти се јават и овие кога ќе пристигнат.

МП :Супер супер,одлично

ЉТ: Џуклески професоров …е сега слушај абе Размовски ми е тамо, да му кажам…

МП: Размоски е веќе тука оди на врата со Бакрач

ЉТ: Готовооо…

МП: Супер е да,да!

ЉТ: Тој,тој ги знае сите таму.Он шипците ќе ги собере,турците и циганите.

МП: Добро,добро готово.

ЉТ:Е така шо треба јавувај ми се

МП:Важи важи,чао.

Разговор помеѓу Љупчо Тодоровски (Радник) и Мартин Протугер

ЉТ: Ало.

МП: Еј Љупчо и нема, нема полициско присуство на терен, знаеш. Добро е да има видливо полициско присуство, по закон тоа е дозволено.

ЉТ: Сега…

МП: Овие хараат сега има огромна излезеност кај циганиве. Значи нашиве искачаат и нивни искачаат.

ЉТ: Аха… Види му јавив на овој да бидат присутни барем уште два саати во циганските маала да видиме кој ќе ги поттикнува на излегување.

МП: Да еј, една група ние поттикнуваме да знаеш.

ЉТ: Е ако де. Ама таму си знаат нашиве кој се.

МП: Си знаат кој се да.

ЉТ: Него му кажав за овој од комуналното ако го видат некаде да го легитимираат, да видат кој е внатре, додека не одлучиме дал да го збереме.

МП: Добро. ОК, ОК.

ЉТ: Му јавив.

МП: Супер, супер. Добро фала ти Љупчо.

ЉТ: Пријатно ОК.

МП: Ајде чао, чао.

14. Разговор помеѓу Мартин Протугер и Миле Јанакиески

МП: Му кажав ја на Сашо, сега зборев со него те молам јави им се на овие, овдека на началникот.

МЈ: Добро

МП: Да ги запираат сите коли, сите, претрес, кој се тие, како сте, што сте и да… значи све живо што е од МВР да излезе на улица сега.

МЈ: Аха.

МП: Ќе ни ги земат изборите пак у пет до дванајс.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски