ОН потсетуваат дека Нимиц сакал разговорите да останат тајна

Од:

Откако грчки медиуми го прекршија договорот разговорите за спорот за името да не се водат преку медиуми и објавија информации за кои велат дека биле разгледувани на средбите во Њујорк, Обединетите нации потсетуваат дека амбасадорот Метју Нимиц рекол дека нема да открива детали за разговорите.

Повеќе грчки медиуми, повикувајќи се владини извори, информираат дека предлогот на Нимиц изнесен на разговорите во понеделникот и во вторникот во Њујорк, меѓу него и претставниците на Македонија и Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис подразбирал име со одредница која би била ставена пред зборовите Република Македонија – решение кое го толкуваат како лошо, па дури и неприфатливо за Грција.

– Сите слушнавте што кажа амбасадорот Нимиц. Тој не одговори кога го прашаа за детали за идеите кои ги изнесе, и рече дека нема да ги изнесува во јавноста. Но, што ќе кажат страните – учеснички во разговорите, тоа зависи од нив, изјави Ери Канеко, портпарол на Обединетите нации, за информациите објавени во грчките медиуми.

Македонската страна го почитуваше правилото деталите од разговорите да не се изложуваат на јавна расправа. На директно новинарско прашање за содржината на разговорите, амбасадорот Нимиц, на вчерашната прес конференција, изјави: “Предлозите се конкретни и се надевам дека двете страни ќе се фокусираат на ова прашање. Нема да ви откривам детали”.

Освен што откриваат детали за предлогот, грчките медиуми, како Катимерини, пренесуваат најави од грчките власти дека Атина не е задоволна од предложеното.

Би можело да ве интересира

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија

Евростат: Невработеноста на пазарот на Европската Унија изнесува 11,7 отсто

Горан Наумовски

Блумберг: ЕУ ја одложува одлуката за користење на замрзнатите руски средства до декември

Кошта: ЕУ го одобри 19-от пакет санкции кон Русија