А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ОМД со Отворено писмо до Могерини пред посетата на Македонија

by А1он27/02/2017 - 09:4228/02/2017 - 08:13141
Share0

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) испрати писмо до високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија Федерика Могерини пред нејзината посета на Македонија и Балканот од 1 до 4 март со барање да им помогне на Македонците кон трасирање нова патека во ЕУ-македонските односи, врз основа на взаемна почит и заеднички интереси.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Македонија како прва земја во Југоисточна Европа која ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, покажувајќи ја својата посветеност кон подобрување на односите со ЕУ, спроведе значајни и скапи реформи поврзани со достигнување на нејзината цел – членство во ЕУ. Македонија активно работеше кон остварување на блиски економски односи и мирни културни врски со сите членки на ЕУ. Во одговор на овие напори, сепак, ЕУ потфрли кон Македонија на секој можен начин, оценуваат од ОМД.

Од организацијата и забележуваат на ЕУ за толерирање на како што посочуваат, угнетувачката политика кон македонското малцинство, културниот геноцид и негирање на македонскиот идентитет, култура, јазик и историја од страна на Грција како нејзина членка, како и за Времената спогодба од 1995 година со која Македонија влезе во ОН и други тела под “привремена (и крајно навредлива) референца“.

– ЕУ се согласи на сето ова, да не го спомнуваме и Договорот од Лисабон од 1992 година, се наведува во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube

Членката на ЕУ – Бугарија, додаваат не се спротивстави на признавањето на суверенитетот на Република Македонија, сепак, наместо тоа, таа ја задржа, наведуваат, политиката на активно негирање на македонскиот идентитет, култура и јазик, а особено во Пирин, каде што правата на етничките македонски граѓани на ЕУ рутински се одбиени.

– Во поново време, Софија цинично ја користи политичката криза во земјата преку искористување на нејзиниот статус на земја-членка на ЕУ, со што нуди бугарско државјанство за македонските граѓани, доколку тие прифатат етничко бугарско потекло, кое всушност тие и го немаат. Како резултат на тоа, илјадници луѓе го направиле токму тоа од економски очај, со цел да избегаат од земјата за да работат во ЕУ, притоа се повеќе придонесувајќи дестабилизација на регионот, во тесна соработка со дипломатска војна од Атина. ЕУ се согласи на сето ова, наведуваат од ОМД.

Посочуваат и на конфликтот во Македонија во 2001 година, во кој, се наведува, албанската УЧК со премолчена меѓународна поддршка изврши инвазија на територијата на Република Македонија, а беше наградена со Охридскиот рамковен договор, со Законот за Амнестија

– Непосредно мешањето на албанскиот премиер Еди Рама во внатрешните работи на Македонија по последните избори, потврдува дека било кое ветување од страна на меѓународните посредници дека Охридскиот рамковен договор ќе го заштити унитарниот суверенитетот на Македонија биле разоткриени. ЕУ се согласи на сето ова и многу повеќе, наведуваат од организацијата на македонските иселеници.

Според, ОМД, место да биде поддршка за стабилност на Македонија, Европската Унија ја предаде Македонија на секој можен начин, и постапи со лоша намера.

– Како една од водечките македонски организации на иселеници на глобално ниво, ОМД бара да се стори сé што е во ваша моќ за да им се помогне на Македонците кон трасирањето на нова патека во ЕУ-македонските односи, врз основа на взаемна почит и заеднички интереси. Ве повикуваме да се направат сите можни дипломатски и правни обиди за да се изврши притисок врз непослушните-членки на ЕУ, како што се Грција и Бугарија кон повлекување од своите агресивни позиции во однос на Република Македонија, да се гарантира заштита на човековите права на сите граѓани на ЕУ, вклучувајќи ги и етничките Македонци кои живеат во Егејскиот и Пиринскиот регион на Грција и Бугарија. Ваше залагање за сите правни случаи на воени злосторства од војната во 2001 повторно да се отвори, а за сторителите на овие кривични дела да бидат кривично гонети во потполн степен на меѓународното право, да ги признаете целосно македонскиот идентитет, култура и јазик и да ја признаете Република Македонија под нејзиното едно и единствено уставно име, се наведува во отв ореното писмото од ОМД до Могерини.

euomd

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Горан Наумовски15/05/2026 - 08:40

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:21

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски08/05/2026 - 14:0908/05/2026 - 14:59

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Горан Наумовски08/05/2026 - 13:55

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Горан Наумовски08/05/2026 - 10:32

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он04/05/2026 - 19:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто