ОМД повика да се почитуваат правата на Македонците во соседните земји

Од:

Обединетата македонска дијаспора, по повод одбележувањето на меѓународниот Ден на човековите права, ги повика Обединетите нации и Европската унија да го насочат својот притисок кон владите на Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија, за да обезбедат почитување на меѓународните стандарди за човековите права, вклучително и за македонските заедници во нивните држави.

– Усвојувањето на универзалната декларација за човековите права во 1948 година ги постави темелите на многу устави низ светот. Сепак, 64 години подоцна, луѓето низ целиот свет се уште се во борба за своите најосновни граѓански права, и тоа не само во постоечките диктатури во третиот свет, но и во држави во Европската Унија и во земји – членки на НАТО, како што е Грција. Од своето формирање во 2004 година ОМД е посветена на заштита на човековите права на Макденците, и во 2005 година покренавме петиција потпишана од над 100.000 граѓани да се стави крај на расната, етничката и верската дискриминација над луѓето со македонско потекло. Оттогаш, ОМД работи на ова прашање од година во година, вклучително со неодамнешните средби со високи владини претставници во Вашингтон за делегацијата за почитување на човековите права од Егејска Македонија во Грција составена од архимандрит Никодим Царкњас и претставникот на ОМД за Грција Евгенија Нацулиду, пишува во пораката испратена од ОМД по повод Денот на човековите права.

Од Обединетата македонска дијаспора ги повикуваат сите Македонци да продолжат да работат заедно за ширење на вистината за Македонија и Македонците, пред светските политички фактори.

Би можело да ве интересира

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

Орце Костов

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски