ОМД: Политичарите да ги стават интересите на нацијата на прво место

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува сите активни чинители во македонската политика да ги стават интересите на нацијата на прво место.

ОМД преку соопштение ги повикува сите политички партии да ја осудат тиранската платформа, оценувајќи ја притоа како сепаратистичка и националистичка агенда наметната од страна на албанските политички партии, која ги дискриминира сите други во Македонија, а тоа го бара и од САД и ЕУ.

Исто така, од ОМД бараат политичките партии да се договорат да ги поништат резултатите од изборите одржани на 11 декември 2016 година, со образложение дека нема направено попис и повикува на итно одржување фер, демократски и коректен попис со користење транспарентни методи.

По одржаниот попис, од ОМД сметаат дека треба да се одржат повторни избори, а сите политички партии да ги презентираат своите идеи директно на гласачите, како дел од изборна кампања, да се создаде шанса народот да ги избере своите претставници, врз основа на целосно прикажување на изборните програми на сите партии, особено во однос на политиките кои можат да ја загрозат унитарноста и територијалниот интегритет на Република Македонија.

Во ОМД сметаат дека сите политички партии треба да го признаат македонскиот јазик како национален јазик, како и неговото витално значење како обединувачки елемент на македонското општество.

Обединетата македонска дијаспора ги повикува владите на Грција и Бугарија да покажат добрососедски односи и принципи на 21. век, со признавање на македонскиот идентитет.

ОМД во соопштението го повторува својот долгогодишен став за отфрлање на сите обиди да се промени или да се наметне некое друго име на Република Македонија и на македонскиот народ, а идната влада ја повикува и формално да се повлече од преговорите за името под покровителство на ОН и да поднесе резолуција пред Генералното собрание и Советот за безбедност да бидеме признаени од страна на ОН под нашето уставно име – Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

Орце Костов

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски