ОМД: Бугарија да признае и да се извини за депортацијата на македонските Евреи

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) бара од бугарската Влада јавно да признае дека како резултат на соработката со Германија за време на Втората светска војна биле депортирани 7.144 македонски Евреи во концентрационалните логори на Треблинка во Полска.

Исто така бараат бугарската Влада да издаде и официјално извинување до македонската еврејска заедница.

– Бугарија е членка на НАТО и на Европската Унија и има должност да се помири со своето трагично минато и официјално да се извини на македонската еврејска заедница, велат од ОМД.

На 11 март 1943 година, бугарската војска ги уапсила Евреите од Битола и Штип и ги транспортирала до Тутунскиот монопол во Скопје, каде што биле затворени заедно со Евреите од Скопје. Околу 7.200 Евреи биле оставени без храна, вода и санитарни услови. Само неколку успеале да избегаат од логорот.

На 22 март, околу 7.144 македонски Евреи биле ставени во вагони, а бугарската војска ги придружувала до Лапово во Југославија, каде потоа нацистите ги придружувале до Полска. По шест дена, македонските Евреи пристигнале во Треблинка каде речиси сите биле веднаш убиени во гасните комори.

Во декември 1944 година, околу 50 преживеани останале да ја реконструираат македонската еврејската заедница. Повеќето од нив избегале во италијанските територии или се приклучиле на организираното антифашистичко партизанско движење.

По осамостојувањето на Македонија во 1991 година, македонската влада ја призна еврејската религија како уставна религија (Македонија е единствената земја надвор од Израел која го сторила тоа). Иако Еврејската заедница во Македонија денес има само околу 200 членови, сите заедно работат за заживување на еврејските традиции, еврејскиот идентитет и еврејскиот живот. Владата на Република Македонија го отвори македонскиот фонд на Холокаустот, за кој се доделени околу 18,5 милиони долари, а во март 2011 година официјално беше отворен Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

Би можело да ве интересира

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски