Омбудсман: Хуманоста мора да биде заедничка цел на сите

Од:

Хуманоста мора да ни биде заедничка цел на сите, затоа што секој поединец има свои права, а ние бранителите на човековите слободи и права мора да работиме, истите да им ги заштитиме, се наведува во соопштението на Народниот правобранител на Република Македонија по повод одбележувањето на 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права.

Од канцеларијата на Омбудсманот посчуваат дека мотото под кое Обединетите нации годинава го одбележуваат Меѓународниот ден на човековите права е „Станете за нечие право денес“.

– Човештвото е под секојдневна закана од војни, од терористички напади. Ваквите состојби предизвикуваат, страв, болки и страдања за многумина. Последниве години сведоци сме на голготи на илјадници лица, кои во потрага по подобар, сигурен живот ги напуштаат своите домови. Тие се приморани да живает во нехумани услови, каде посебно страдаат децата и старите лица.Тоа се лицата кои се под ризик на повреда/прекршување на нивните права. Затоа, за момент, застанете и потсетете се дека можеби некој некаде и не ги ужива своите права, се наведува во соопштението.

Воедно, се посочува, дека ние мора да ја покажеме нашата хуманост, и тоа не само на овој ден, туку секојдневно.

– Секој од нас мора да направи еден исчекор и да застане во одбрана на правата на мигрантите, лицата со посебни потреби, жените, децата, припадниците на ЛГБТ заедницата, на секој оној кој може да биде цел на дискриминација. Промоцијата на слободите и правата е подеднакво важна, како и заштитата. Учењето дека сите сме рамноправни, еднакви дека различностите треба да не спојуваат, а не да не раздвојуваат е исклучително важно, особено за младите. Оваа животна лекција треба да ја научи секој, затоа што само така се гради демократско општество, во кое сите ќе се почитуваме, разбираме и ќе ја градиме својата иднина, стои во соопштението од Народниот правобранител.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител

Народен правобранител одбележа 25 години од основањето на институцијата

Протест на вработените во Народниот правобранител – незадоволни од платите и статусот кој го имаат како службеници