ОМ: Воведување на евтина тарифа на електричната енергија за времетраење на безбедносните мерки

Од:

Обединети за Македонија е со став дека сериозноста на состојбата упатува на потреба од соодветни чекори и решенија.

Меѓу првите, според Обединети за Македонија би требало да биде воведувањето на евтина тарифа на електричната енергија за времетраење на безбедносните мерки.

„Изолацијата во домови секако ќе влијае врз зголемувањето на потрошувачката на електрична енергија. Од таму, апелираме да се воведе целосна евтина тарифа, се додека се во сила безбедносните мерки, со цел да им се олесни и помогне особено на оние со ниски примања и други социо-економски проблеми. За нив ресорните министерства би требало да организираат распределба на социјални пакети и друг вид помош“, соопштуваат од ОМ.

ОМ ја информира јавноста дека со одлука на Претседателството сите партиски активности се пасивизирани.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски