OM: Власта го згази достоинството на борците и бранителите

Од:

„Обединети за Македонија чувствува должност да застане во одбраната на борците од НОБ, и ја има честа за пртеседател на партијата да го има човекот кој застана во одбраната на татковината кога беше најпотребно. Нема да дозволиме ниту партијата на власт ниту било кој политичар да се дрзне и да крене рака врз нашите бранители, тоа се луѓе со заслужени ордени, луѓе кои гордо стоеле на браникот на татковината и го жртвувале својот живот, за разлика од некои сега што сакаат тоа да го прикријат, или едноставно да го заборават“ , рече Данилел Пауновски од Обединети за Македонија.

„Според членот 36 од Уставот државата на борците им гарантира,,посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, како на нив така и на членовите на нивните семејства. Со овој чин на нетолератност власта го згази достоинството на борците исфрлајќи ги на улица. Обединети за Македонија ја прашува власта каде во светот е виден ваков случај да сопствената држава ги исрфли на улица сопствените борци, или пак тоа им се случи бидејќи само тие не прифатија да штрајкуваат пред штабот на СДСМ, против не донесувањето на буџетот. Обединети за Македонија порачува дека оваа држава не е држава на една политичка партија, Република Македонија е држава на целиот нејзин народ и само народот може да одлучува за неговата иднина и просперитет, а не политичката партија на власт“, велат од ОМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски