„ОМ целосно застануваат зад студентските протести и ги подржуваме затоа што државата и иднината на РМ останува во рацете на младите со независна мисла, наместо на полтронската и партиски послушна младина на власта која заседна во институциите. Тие се нашиот помладок и не смее нивните барања да бидат занемарени од оваа илегална власт.
Државен испит може да има, но за владата, за сите министри и функционери кои преку ноќ во овие години се здобија со дипломи и со магистерски и докторски звања. Наместо од идните студенти, Груевски треба сите свои функционери да ги пушти на државен испит, но и самиот да го полага за да види јавноста како сите тие станаа експерти за брзо време.
Дали не им треба државен испит на сите брзо вработени во генералниот секретаријат на владата? Од една страна се бара дополнителна проверка за интелектулната младина, од друга страна се вработуваат партиски средношколци во владата.
Не може да слушаме како илегалната и нелегитимната власт која се труди со шегобијните изјави на Груевски да даде друга конотација на протестите. Единствени протести, со исти луѓе од администрацијата знае да организира само оваа власт-дали е за земјоделци, дали верници, и што уште не.
Затоа ги повикуваме и другите политички партии, академици, земјоделци, работници, армија на невработени, иднивидуалци, студенти од другите градови на РМ да застанат зад овој строј на млади интелектуалци, борбата за нивните права е и наша броба. Нема неопределени студенти сите се определени со јасна цел и визија за Македонија. ОМ го потсетуваат шегобиецот Никола како претседател на илегалната Влада на РМ, тој да престане да ги злоупотребува децата ставајќи ги на пратенички листи и министерски позиции. ОМ ќе чекорат со студентите заедно за нивните студентски човекови права и слободи, изборот е нивни и нема право никој тој избор да им го одзема или наметнува“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.