Олумчева најави изградба на спортска сала во ОУ „Петар Мусев“ во Богданци

Од:

Кандидатот за градоначалник на Богданци од коалицијата „За подобра Македонија“ Анастасија Олумчева попладнево во присуство на министерот Панче Кралев информираше дека нејзин најголем приоритет во образованието ќе биде изградба на спортска сала во основното училиште „Петар Мусев“.

– Мора да се изгради спортска сала во училиштето за да има место за спортските активности на учениците. Само во спортска сала тие можат да ја изразат својата желба за конкуренција, играјќи на разни турнири и купови, рече Олумчева.

Таа и министерот Кралев го посетија советот на родители и училишниот одбор на ОУ „Петар Мусев“ и присуствуваа на нивната трибина за да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат.
Олумчева и Кралев се согласија дека е многу важна комуникацијата меѓу локалната самоуправа и ресорните министерства и дека нема да дозволат да опадне нејзиниот сегашен квалитет.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември