Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Од:

Министер за внатрешни работи во новата влада е Оливер Спасовски, роден на 21.10.1976 година во Куманово.

Во неговата биографија доставена со предлог-составот на владата е наведено дека е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија на Предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година. Ова е негов трет мандат како пратеник.

Спасовски има завршено основно и средно училиште во Куманово, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во моментов е магистрант по управно право на Правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Спасовски во 2000 година работел како адвокатски приправник. Од 2001 до 2005 година работи како советник на градоначалникот на Куманово. Од 2008 до 2011 година работи како секретар на Општина Куманово.

Од 1999 година Спасовски бил член на Претседателството на Општинската организација на СДСМ Куманово, од 2000 до 2003 година бил секретар на Општинската организација на СДСМ Куманово. Во периодот од 2003 до 2004 година бил член на Претседателство на Централниот одбор на СДСМ. Од 2005 до 2006 година бил организациски секретар на СДСМ. Во 2013 година е избран за Генерален секретар на СДСМ.

Во биографијата е наведено дела од 11 ноември 2015 до 18 мај 2016 година Спасовски ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи, во Владата која требаше да обезбеди услови за спроведување на фер и демократски избори.

На 2 септември 2016 година тој повторно беше избран за министер за внатрешни работи и оваа функција ја извршуваше до 28 декември 2016 година, кога Државната изборна комисија ги соопшти конечните резутлати од одржаните Предвремени парламентарни избори 2016.

Во периодот од 2006 до 2008 и од 2011 до 2014 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Во мандатот од 2011 до 2014 година е претседател на Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина и член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република и Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија.

Спасовски зборува англиски и француски јазик. Оженет e и има две деца.

Би можело да ве интересира

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?