ВМРО-ДПМНЕ: Македонија секојдневно ги живее лагите на СДС и Заев

Од:

„СДС лаже, континуирано бесрамно и на очиглед на сите. СДС како за се досега излажа, и уште еднаш докажа дека нивните зборови не се ништо освен празни ветувања. СДС ги излажа младите и во изминатите 100 дена не направи ништо со што би им се подобрил животот.

СДС на младите им ветуваше младинска гаранција и сигурност, но само како предизборна реторика. Иднината на државата односно младите се измамени и разорчарани од предизборните лаги и манипулации на СДС.

Стефан Богоев и Ивана Туфегџиќ седнаа во собраниските фотељи ги добија посакуваните функции како и финансиски бенефиции и заборавија на ветувањата кои ги имаа кон младите. Поминаа 100 дена од неспособната влада на СДС, а за младите нема ни „В“ од загарантираните вработувања. Проектот Младинска гаранција кој го ветуваа СДС магично го снема.

СДС вети дека од буџетот ќе одвои 8.8 милиони евра за овој проект, за младите да останат во државата. Не само што не ги одвоија овие пари со ребалансот, туку напротив скратија 1.5 милијарди денари наменети за образование со новиот ребаланс, ставка која е од витално значење за младите и иднината на државата.

Македонија секојдневно ги живее лагите на СДС и Зоран Заев, младите секојдневно живеат во една голема лага. На јавноста веќе одамна и е јасно дека гаранцијата дадена од СДС не вреди ништо, зборот на Заев, Богоев и Туфегџиќ не вреди ништо. Младите на 15-ти октомври нема да го дадат својот глас за лагите и манипулациите на СДС. Младите нема повторно да дозволат да бидат излажани од Заев и СДС“, изјави Оливер Пап.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ