ОЛАФ доаѓа за истрагата против Лидија Димова и фризерницата, ќе ги испитува злоупотребите со обвинителот

Од:

Интензивно се работи на истрагата за случајот поврзан со злоупотребите во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова за „А1он“ го потврдија и од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Случајот се води заедно со Европска канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Сега, се чекаат нејзини претставници за директна вклученост во истрагата.

Тие заедно со обвинителката треба да утврдат дали разрешената директорка на Националната агенција, Лидија Димова, сопственикот на фризерницата „В.Е.З. Трејд“, Зоран Златковски, чија фирма добивала проекти од Националната агенција и Александар Гочев, кој бил ангажиран во Националната агенција, сториле злоупотреба на европски пари. Освен нив, истрагата ќе треба да покаже и дали пензионираната благајничка Ана Павлиду ќе се гони за несовесно работење во службата.

„Секоја истражна постапка, вклучително и оваа за која покажувате интерес е основата врз која се темели понатамошниот тек на предметот. Во истражната постапка се собираат потребни докази и податоци. Со оглед на севкупната состојба со пандемијата, предметниот јавен обвинител побара продолжување на рокот за спроведување на истражната постапка и истиот беше одобрен. Воедно, треба да се напомене дека во предметот има лица кои се осомничени дека сториле кривично дело Измама на штета на средства на европската заедница, што подразбира и непосредна соработка со ОЛАФ. Во таа насока предметниот обвинител преку меѓународна правна помош воспостави контакт со претставниците на ОЛАФ со кои очекува интензивна соработка во наредниот период“, велат од Обвинителствоот за „А1он“.

Случаите се поведоа откога „А1он“ објави дека скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација. Директорката Димова истражувањето го нарече манипулативно и организиран напад врз Националата агенција за европски образовни програми и мобилност. Преку социјалните мрежи Димова се обиде и јавно да го дискредитира новинарот заканувајќи се со тужба, на што реагираа и новинарските здруженија. Тогаш премерот Зоран Заев ги повика истражните институции да ја испитаат работата на Националната агенција.

Во вториот дел од истражувањето „А1он“ објави дека ангажирани во проект на фризерницата „В.Е.З. трејд“ обвинуваа оти сопственикот Зоран Златковски им префрлал пари на трансакциска сметка и  барал да му ги вратат во кеш. Златковски на заедничка онлајн прес-конференција посочи дека никогаш не зел пари во кеш.

Обвинувања на сметка на Димова имаше и од пензионираната благајничка во Националната агенција, Ана Павлиду. Таа во интервју за „А1он“ посочи дека ѝ бил вршен мобинг, но и дека соработничка на директорката Димова ѝ се заканувала со убиство.

Фризерницата немало да  го добие грантот од над 60.000 евра во акцијата „202“ доколку проектите биле финансирани според ранг-листата што ја направиле евалуаторите. Кога две апликации биле ставени на резервна листа, а една е одбиена за грант од евалуациската комисија, било прифатено да се финансира „В.Е.З. трејд“. Организација што имала повеќе бодови од „В.Е.З. трејд“ и не е финансирана со образложение дека има конфликт на интереси ја тужи Националната агенција. И Златковски се поврзува со вработена во Националната агенција, со која во минатото работеле на проекти со грантови од „Еразмус+“, но неговиот проект е со грант.

Би можело да ве интересира

Почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова

(ВИДЕО) Лидија Димова не дојде на првото судење со оправдување за влошено здравје, судијката реагира: Не ми се допаѓа ваквиот почеток!

Кристијан Ландов

Обвинение за Лидија Димова, предизвикала штета од 20 милиони денари со злоупотреби

Кристијан Ландов

Вештачење ги дели Лидија Димова и соработниците од обвинение за злоупотребите во Националната агенција

Кристијан Ландов

Лидија Димова ја тужела Агенцијата со која директоруваше, додека чека Обвинителството да одлучи дали ќе ја гони неа

Кристијан Ландов

Сослушана Лидија Димова за злоупотребите во Националната агенција, поради короната, истрагата ќе биде продолжена

Кристијан Ландов