О’Конор: Австралија да го признае правото на самоопределување на Македонија

Од:

Време е Австралија конечно да го признае легитимното право на самоопределување на Македонија како суверена нација, порача австралискиот министер за имиграција и државјанство Брендан О’Конор на средбата со делегација на ОМД.

– Имам зборувано во јавноста и во австралискиот Парламент барајќи Австралија конечно да го признае легитимното право на самоопределување на Македонија како суверена нација и сите права загарантирании со Повелбата на ОН и до ден денес стојам зад моите изјави. Овие суштински прашања повторно ќе ги пренесам до премиерот Гиллард и министерот за надворешни работи Боб Кар, истакнал О’Конор, кој како што соопштува денеска ОМД е голем пријател на македонската заедница.

На средбата станало збор и за начините како министерот О’Конор може да ги зајакне и продлабочи односите помеѓу Австралија и Македонија, како и помеѓу австралиската влада и македонската заедница во Австралија.

– На средбата се зборуваше и тоа дека Австралија конечно треба да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име пред австралиските избори во 2013 година, во согласност со планот за унапредување на  австралиско-македонските односи кој беше напишан преку австралискиот истражувачки советодавен проект наречен „македонската дијаспора во Австралија: тековни и потенцијални врски со татковината“, за потребата да се отвори австралиска амбасада во Македонија, прашање за кое по барање на ОМД се разгледува од страна на министерот за надворешни работи, сенаторот Боб Кар, се вели во соопштението од ОМД.

На средбата станало збор за потребата да се воведе безвизен режим за македонските граѓани да можат да патуваат во Австралија, за потребата да се олесни процесот на имиграција за квалификувани Македонци во Австралија, а со тоа да се задоволи недостатокот на квалификувани работници во Австралија, како и да започне процесот на потпишување на договор за културна размена, која ќе им овозможи на граѓаните на двете земји да работат и да учат една година во Австралија или Македонија.

Би можело да ве интересира

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Играч на македонскиот фудбалски клуб во Австралија – „Рокдејл Илинден“ е меѓу жртвите во масакрот во Бонди

А1он

ВИДЕО: Татко и син го извршија масакрот во Сиднеј, објавена снимка од пукањето

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Сите под 16 години во Австралија останаа без социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Австралиска крајно десничарска сенаторка носеше бурка во парламентот, предизвика хаос

(ВИДЕО) Тројца загинати во авионска несреќа во Австралија

А1он