Околу педесетина жени и деца добиле поддршка од Центарот за згрижување на жртви од семејно насилство во Струмица

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска го посети и Центарот за згрижување на жртви од семејно насилство во Струмица.

Овој Центар е отворен од страна на Здружението „Скај плус“ и е позитивен пример во земјава, како невладиниот сектор заедно со општината, но и општествено одговорни компании и струмичката Епархија создадоа дом за жените и децата кои се жртви на секаков вид насилство. Шелтерот работи од почетокот на минатата година и досега засолниште, но и психосоцијална услуга како и економско јакнење добиле околу педесетина жени и деца.

„За време на престојот на жртвите во Центарот, покрај основните услови за живот коишто се обезбедени, се работи индивидуално со секоја жртва. Преку психосоцијалната поддршка се овозможува јакнење на жртвата, да се соочи со реалноста и да излезе оттука способна да го продолжи својот живот, се разбира без притоа да биде предмет на било каков вид на насилство.“, изјави Шахпаска.

Капацитетот на струмичкиот шелтер е со најголем број легла во државата, односно 13 места и истиот располага со соодветни услови за престој на жртвите.

Жените во струмичкиот шелтер имаат можност да останат 3+3+6 месеци со претходно изготвени протоколи пропишани од министерството.

Министерството за труд и социјална политика води збирни податоци за жртви на семејно насилство, добиени од 30 Центри за социјална работа. Во првата половина на 2021 година вкупниот број на ново евидентирани жртви на семејно насилство во Центрите за социјална работа изнесува 789 жртви.

Главната цел на овие Центри е да ги заштитат жртвите и да им овозможат самостојно да продолжат со својот живот, да најдат вработување, егзистенција и да продолжат да живеат самостоен, спокоен, независен живот.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Левица: Семејното насилство да се гони по службена должност – потребни се итни промени на Кривичниот законик

Горан Наумовски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец ја киднапирал и крвнички ја тепал поранешната партнерка, продолжил да ја удира и откако си ги исекла вените

Катерина Ѓуровски