Околу 900 дозволи за земјоделци за работа во време на полициски час

Од:

Околу 900 дозволи за работа во време на забраната за движењето поради коронавирусот досега се издадени на земјоделци во тетовскиот регион со посредство на подрачната единица Тетово при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-По изразувањето интерес од страна на земјоделците, по телефон или е-маил, барањата до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ги испраќаат вработените во подрачната единица. Од МИОА потоа ни враќаат по и-мејл и им ги даваме на земјоделците, изјави раководителот на подрачната единица Африм Сејрани.

Во тетовскиот регион веќе во полн ек се подготвителните работи за пролетната сеидба, поради што земјоделците имаат потреба од дозвола за движење во нивите.

-Во Тетовско претежно сега се сади ран компир, гравот, луцерката и пченка.  Во зависност од временските услови земјоделците работат на расчистување на нивите, по што ќе следи орањето и садењето, вели Петре Петревски, агроном.

Од останатите земјоделци, работа имаат и овоштарите. Веќе е извршено првото прскање за праските, а сега според агрономот следуваат истите превентивни мерки и заштита на јаболките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

Земјоделците ги блокираа приодите до аеродромот во Франкфурт

Француската полиција приведе 18 земјоделци

Прва победа на земјоделците, ЕУ попушти пред нивните барања

Горан Наумовски

Земјоделците втор ден ги блокираат автопатите околу Париз